Совети

Hanters Life
Три знаци што покажуваат дека на твојот родител му треба живеење со помош
  • 05.09.2018

Стареењето честопати вклучува специјални здравствени и медицински потреби. Како што Вашите родители почнуваат да стареат, постојат многу одлуки што треба да се направат со цел да сте сигурни дека тие се здрави и безбедни. Една од овие одлуки е дали тие треба да продолжат да живеат во нивниот дом или да се преселат во дом кој нуди живеење со помош. Опцијата живеење со помош им обезбедува на постарите лица долготрајно сместување и нега која вклучува лични услуги како што се менаџирање со нивните лекарства, оброци и транспорт.

1. Намален квалитет на живот
За некои повозрасни лица, обични задачи кои некогаш биле лесни, сега се тешки за изведување. Ова вклучува перење, готвење, чистење, бањање па дури и облекување. Можеби сте приметиле дека Вашиот родител има проблем со качување и симнување по скали во неговиот дом или тешкотии при седнување и станување? Кога ова ќе се случи, за нив е скоро невозможно да го поминат денот без помош.

2. Губење на меморија
Ако Вашите сакани често пати забораваат нешта како земање лекарства или плаќање на сметки, ова е обично голем знак што открива дека живеењето со помош во овој случај е корисно. За многу постари лица, меморијата е една од првите нешта кои почнуваат да бледеат. Можеби ова изгледа многу безначајно, но заборавањето всушност може да влијае на здравјето на Вашите родители повеќе отколку што претпоставувате.

3. Големи и необјаснети повреди
Друг голем знак дека живеење со помош е потребно за Вашите родители е ако тие често се повредуваат кога се сами дома. Иако постојат медицински помагала кои можат да се купат, паѓањето и кршење коски може да биде навистина опасно. Истотака битно е да се обрне внимание на необјаснати модрици по телото. Бидејќи никој не сака да се откаже од неговата независност, особено повозрасните лица, Вашиот родител можеби нема да каже за сите негови повреди.

Слични совети