ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Она што целосно не разликува од останатите Домови, е функционирањето на луксузен Центар за здравје, во кој нашите станари ќе имаат 24 часовна здравствена грижа, физиотерапевтски услуги, дневни масажи со најсовремени медицински апарати и соодветни помагала, фитнес сала, како и оддел за разубавување на станарите. Во рамки на Центарот за здравје функционира амбуланта за здравствени прегледи кои се спроведуваат во соработка со доктор по општа медицина и доктор на стоматологија. Воедно водиме континуирана грижа со спроведување на редовни биохемиски и микробиолошки анализи во соработка со реномирани лаборатории. Нашиот посветен и мотивиран тим, составен од медицински кадар и социјален работник, овозможува перманентна грижа за станарите со цел- одржување на здравјето на станарите и продолжување на нивниот живот на најдобар можен начин.



Рехабилитациски услуги

Услугите за рехабилитација кои ги нуди Hanters Life- дом за долг и здрав живот, се фокусира на целосен физички, емоционален и социјален третман на станарите, и вклучува физикална, индивидуална и говорна терапија. Сите програми за терапија се креирани со цел да ги задоволат потребите на станарите и да ги максимизираат нивните психо-физички капацитети и способности. Терапевтите ги едуцираат станарите за тоа како да ја продолжат, сочуваат и подобрат нивната активност со цел да се постигне највисоко ниво на независност во секојдневието.